Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за малолетничко насилство, четворица се степале во “Карпош“

На 25.02.2026 во 22:50 часот во СВР Битола, Д.Д. (52) од Битола пријавил дека во основното училиште во Битола каде учел, неговиот малолетен син во повеќе наврати бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.02.2026 во 13:20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Карпош” во Битола, четири лица на возраст од 41, 38, 69 и 34 години сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземааат мерки за расчистување на настанот, по што против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »