Денес на прес конференцијата посветена на најновата премиера “Пинокио“ на Народниот театар Битола директорот Васко Мавровски меѓу другото се осврна на некои значајни години и настани од постоењето на театарот.
Мавровски нагласи, дека по 100 години од 1926 година, сега на сцената е поставена старата оригинална завеса која била подарок за театарот од тогашната кралица на тогашната држава.
-После 100 години ја пронајдовме оригиналната завеса од НТБ, која сега е поставена на оваа сцена. Оваа завеса во 1926 е донирана од српската кралица за театарот, кој во тоа време се вика Битолски градски театар. Пронајдовме фотографии, и станува збор за истата црвена завеса. И првата претстава “Ѓоре Михајловски“ се одиграла пред оваа завеса, која е зад нас. Значењето на оваа завеса за нас, како Театар и за Битола, е огромно, бидејќи кога Бугарскиот фашистички оператор го напушта градот, а луѓето од нивниот Окружен театар кој работел во зградата на НТБ го палат театарот. Еден од сценските работници во тоа време, дедо на наш пензиониран сценски работник, влегува во запалениот театар и успева само да ја спаси оваа завеса зад нас. Се гледаат оргаменти делот на партизаните, делот на круната, везот е изваден, а се останати само два ловорови венци кои преставуваа награда за глумците, рече Мавровски.
Мавровски ги спомена и годишнините 30 години од играњето на Пинокио на Валентина Грамосли на тогашната премиера на Пинокиот на Љупчо Георгиевски.
Фото: Дамијана Ристевска











