Press "Enter" to skip to content

Два сребрени медали за Ирина Каравилоска на Алпскиот куп и Државно првенство во Маврово

Младите скијачи на ски клубот Пелистер од Битола во изминатите два дена се натпреваруваа во Маврово каде се одржаа натпреварите од Алпскиот куп на Македонија и Државното првенство за деца од 8 до 16 години, во дисциплините слалом и велеслалом.

Младите скијачи се враќаат со две сребрени медали кои го освои Ирина Каравиловска, а останатите забележаа добро пласмани.

Ирина Каравилоска во конкуенција U8 освоил две сребрени медали.

Мартин Талевски (U10) – освои двапати 4. место, а едната трка храбро ја заврши со само едно стапче.

Софија Каравилоска (U10) – двапати 7. место.

 Антони Костов (U12) – 7. и 8. место.

Само Јаков Мицевски (U16) – не ја заврши трката.