-Андреј Ѓурчиновски кој го освои третото место, а малку фалеше за македонско финале во Солун.
Изминатиот викенд, македонскиот билјард играч Христо Василевски, член на билјард клубот Конзули од Битола го освои првото место на меѓународниот “Oпeн турнир“ што се одржа во Солун. Турнирот се играше во дисциплината 9 Ball (American Pool) — една од најатрактивните и најдинамични на дисциплини на билјард, што дополнително му дава тежина на овој успех.
Станува збор за отворен билјард турнир со силна конкуренција и учество на играчи од повеќе земји, каде што Василевски покажа врвна форма, стабилност и тактичка зрелост.
Со оваа победа, тој уште еднаш го потврди својот висок спортски квалитет, дисциплина и посветеност кон билијардот, постигнувајќи значаен резултат на меѓународната сцена и носејќи гордост за клубот и за Македонија.
На турнирот се истакна и македонскиот играч Андреј Ѓурчиновски, кој го освои третото место. Малку недостигаше за историско македонско финале во Солун, што уште еднаш покажува дека македонските играчи бележат сè поголеми.









