Шкендија – Пелистер 2:1 (1:2)
Фудбалерите на Пелистер од Битола се поразени во Тетово од Шкендија во рамките на 12. коло со 2:1, полувреме 1:1 по голема борба.
На стартот на првото полувреме Пелистер започна мотивирано, а тоа се потврди и со раниот погодок во 7. минута. Стефан Спировски ја погоди мрежата, а по долгата проверка во ВАР-собата, голот беше признат и битолчани поведоа со 0:1. Шкендија потоа на двапати се заканија по гостинскиот гол. Во 21. минита домаќините изведоа корнер, а Бесарт Ибраими, им донесе на домаќините израмнување 1:1.
Шкендија имаше шанса за втор гол, а и на спротивната страна, одлична шанса имаше Петровиќ, кој биеше над пречката, но сепак резултатот остана 1:1.
Во вториот дел Шкендија го постигна вториот гол за својот тим, повторно преку Ибраими во 64. минута. Пелистер не се предаваше и се обидуваше да остане во игра до самиот крај, а шанси имаа во судиското време преку Булатовиќ и Ивановски.
Пелистер останува на 20 бодови и пласман на 10. место на табелата. Битолчани во четврток се среќаваат со екипата на Силекс.









