Денес, среда, 4 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.
Утре, четврток, 5 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 16 степени.






