Press "Enter" to skip to content

Во Битола ракометна вечер како секој клуб посакува, плус голем бод за Еурофарм Пелистер против големиот ПСЖ (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – ПСЖ 34:34 (15:18)

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола повторно одигра над очекувањата, одигра одличен натпревар во Лигата на шампионите и дојде до голем бод против големиот ПСЖ, а ремито беше 34:34, полувреме.Голот за бод и радост го постигна во последните секунди Дејан Манасков, а целиот тим заслужува само пофални зборови, бидејќи одигра еден од најдобрите натпревари во елитата сезонава, иако “пелистерци“ најголем дел од натпреварот бркаа негатива од два-три гола, па поведоа со два гола, а во последните две минути влегоа со -2.Натпреварот започна рамноправно и по пет минути игра на семафорот се покажуваа израмнети 4:4. ПСЖ со мини-серија од два гола стигнаа до прва позначајна предност, а н голот кај битолчани се најде Иранецот Хеидарирад, кој внесе дополнителна сигурност.Следуваше брза игра, со многу транзиции и голови на двете страни. Во 17. минута францускиот шампион се одлепи на највисоки четири гола разлика, 9:13.

Сепак, “пелистерци“ започна со зголемена агресивност во одбраната и голови во нападот, дојдоа до негативата -2. Два шута кон празната мрежа останаа неискористени, за реми.Во самиот финиш од првото полувреме гостите покажаа дека се поискусна екипа и на полувреме замина со резултат од 15:18.На стартот од вториот дел капитенот Кузмановски постигна два гола, а потоа и Манасков и за израмнување (18:18). Но, и ПСЖ одново се врати на позитива од три гола. ПСЖ преку Сипжек од седум метри дојде до 22:24. Следуваша асистенција и гол на Кузмановски и ново израмнување на пелистерци 24:24.Во 47. минута „зелено-белите“ го имаа и првото водство, откако Кузмановски погоди од седум метри (27:26).  Капитенот повторно беше прецизен од пенал, а по одбраната на Хеидарирад, а Тајник беше прецизен и Пелистер поведе со два гола разлика (29:27).

ПСЖ со три гола во низа го врати водството, а следуваше и минута одмор за Алушовски. Во самиот финиш прво Хеидарирад запиша нова одбрана, а Манасков нешто пред звукот на сирената погоди за голема радост на трибините и реми против моќниот противник.Филип Кузмановски постигна десет гола, а Манасков со пет и Видомски, Тајник и Хенигман со по четири гола. 

Кај ПСЖ десет гола постигна Омар Јахија, а Шипжак реализираше шест пати.