Press "Enter" to skip to content

Реми поголемо од победа, за голема радост на терен, на трибини…, Битола заслужи 1/8 финале од ЛШ, чека домашна титула (фотогалерија)

Вечерва во Битола тимот на Еурофарм Пелистер одигра нерешено 34:34 со европскиот ракометен гигант, тимот на ПСЖ од Париз, Франција, во натпревар во кој битолчани одиграа одлично, бркаа разлика, имаа разлика, за на крај да погодат за реми.Кога најголем дел од публикта се помири со пораз, откако на 12 секунди “Светците“ имаа гол предност и напад, се случи битолска ракометна магија. На 10 секунди брани зицер голманот на Пелистер – Иранецот Саид Хеидарирад, потоа преку половина терен додава на Манаков кој на само 3 секунди до крајот погодува за реми, 34:34.Гол за реми, а реми поголемо од победа, за радост на теренот, за радост на клупата, за радотс на сопствениците, за радост на спонзорите…Секако најголема беше радоста на трибините, кои и овој пат беа преполни, на последниот натпревар во Лигата на Шампиони во Битола.Битолчани се радуваа на бод, но можат да жалат и за пласман што Еурофарм Пелистер не ја помина групната фаза, и од “Б“ групата не се пласира во 1/8 финалето, што немаше да биде незаслужено.Ракометна Битола со аплауз ги пречека на терен, и со аплауз ги испрати ракометарите на Еурофарм Пелистер во соблекувалната, а на крај после песната, химна на ракометот “Ако одам во Битола“, им порача “Сакаме титула“.

А за биде титулата во Битола по четврт пат првиот сериозен испит е идниот викенд во Битола кога го пречекуваме тимот на Вардар, во вечното дерби на македонскиот ракомет.

Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска