Младиот Матео Мараш во Битола дојде пред пет години заедно со тогашниот тренер Жарко Бабиќ, како млад и перспективен ракометар, а потоа направи голема кариера, да биде член на хрватската репрезентација и дел од големиот ПСЖ.
Синоќа се врати во Битола, во дресот на ПСЖ, а во салата освен големиот аплауз го пречека и голем транпарент, каде претствавен беше неговиот зелено-бел дрес всо број два.
А, Мараш ги испочитува сите, сите кои беа дел од неговиот живот кога беше дел од нас, кога беше дел од Пелистер, дел од Битола, а на сите со посебно акцентиан глас не поздрави и ни рече: “Шо прај те?“.
Матео не можеше да им одговори и да биде дел од луѓето кои се дел од неговите, како рече, преубави спомени од Битола, но доби татковска прегратка од претседателот Зоран Стерјев, се виде со нас новинарите кои работевме со него во тоа време, се виде со Томче… На крај се поздрави и со дел од “Чкембарите“, се фотографира со нив, а на поканата остане во Битола некое време кратко по битолски рече:
-Не можам ќе бегам!
-Го следам Пелистер и се надевам дека ќе го добие дербито со Вардар, изјави Матео.
Матео замина од Битола направи трансфер во Татабања, а минатото лето се пресели во еден од најдобрите европски клубов – ПСЖ.
Фото: Дамијана Ристевска









