Во Битола деновиве започна со работа нов салон NAIL LAB – ново катче за убави и негувани нокти во Битола, приказна создадена по 15 години искуство. NAIL LAB, простор создаден со многу љубов, посветеност и долгогодишно искуство. Салонот нуди современи третмани за нега на раце и нозе, со посебен акцент на прецизноста, хигиената и индивидуалниот пристап кон секој клиент.
Во NAIL LAB клиентите можат да добијат професионални услуги како класичен маникир и педикир, со акрил гел лакирање, надградување на нокти, зајакнување на природни нокти, како и сè попопуларниот руски маникир “Карт“– техника која се карактеризира со исклучителна прецизност при обработка на кутикулата и совршено чист изглед на ноктите. Овој метод овозможува подолготрајност на гел лакот и значително поуреден финиш, што го прави еден од најбараните третмани во современата нега на нокти.
Покрај маникирот, во салонот се нудат и професионални третмани за педикир, кои покрај естетскиот изглед придонесуваат и за подобра нега и здравје на стапалата. Посебно внимание се посветува на хигиената, стерилизацијата на алатите и користењето квалитетни материјали, со цел клиентите да добијат безбедна и врвна услуга. Отворањето на NAIL LAB, всушност, претставува исполнување на долгогодишен сон на сопственичката, која зад себе има повеќе од 15 години искуство во оваа професија. „15 години искуство до сопствен салон ни кажа, за да продолжи. Вчера започна една нова приказна, една поинаква самостојност. Понекогаш животот знае да ги намести работите на најнеочекуван начин – токму на 15-годишнината од мојата работа започнува и ова ново поглавје. Овој салон не е само место за работа, туку простор во кој се вткаени години труд, учење, предизвици и огромна љубов кон занаетот“, вели сопственичката Елена Захариевска.
Таа додава дека најголемата мотивација во текот на годините биле токму клиентите кои ѝ ја давале довербата. „Започнавме со работа NAIL LAB ќе биде мој, но и ваш простор – простор на моите клиенти кои во текот на овие 15 години постојано ме носеа во нови предизвици. Тие ме изградија како професионалец и ми помогнаа да го усовршам занаетот. Без нивната доверба и поддршка оваа приказна немаше да биде иста“, вели таа. Со посебна благодарност се осврнува и на луѓето кои биле дел од нејзиниот професионален и личен пат. „Не можам а да не изразам благодарност до моето семејство, до колегите и соработниците со кои ги испишував овие 15 години работа.
Секој од нив остави трага во ова што сум денес. Единствената желба што ја имам е здравје, за да можам да продолжам да работам, да учам и да славам уште многу, уште поголеми јубилеи во иднина“, додава сопственичката. NAIL LAB има за цел да стане препознатливо место во Битола за сите кои сакаат професионална нега на нокти, модерни техники и пријатна атмосфера. Просторот е создаден како мало студио за убавина каде што клиентите, покрај уредените нокти, ќе добијат и момент за релаксација и грижа за себе.
Со новата приказна, NAIL LAB отвора врата за уште многу убави моменти, насмевки и задоволни клиенти, продолжувајќи ја љубовта кон занаетот која трае веќе една и пол деценија.

NAIL LAB – ново катче за убави и негувани нокти во Битола, приказна создадена по 15 години искуство
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Хотел “Капри“: Секогаш тука за вашите најубави моменти
- Кафе со омиленото друштво во пријатен амбиент, во “Портал“
- Битолчани “Кај Митре“ во Лутраки, Пожарско 45 години се како дома, на најубаво печење
- “Цермат“: За љубовта што се чувствува во секој залак
- Со “ЈК Травел“ патувај, уживај, доживеј, Велигден во Истанбул те чека





