Press "Enter" to skip to content

“XBARBERSSHOP by Hristijan“ нова дестинација за совршена фризура

“XBARBERSSHOP by Hristijan“ – место каде стилот, прецизноста и машката елеганција се на прво место. Новата дестинација за совршена машка фризура и уредена брада конечно пристигна.  Во “XBARBERSSHOP“ секој клиент добива посебно внимание, професионална услуга и модерен изглед прилагоден на неговиот стил. Со комбинација од класични техники и современи трендови, берберот Христијан создава фризури што оставаат впечаток. Христијан има 5 годишно искуство и исто така е обучувач на бербери во “Boost up academy“ во Битола. Од денес Христијан започнува со работа и официјално ги отвора своите врати за сите љубители на добриот стил. Посебен новитет во салонот е и стрижењето на дечиња од најмала возраст. За нив е обезбедена пријатна атмосфера со забава, цртани филмови и играчки, за посетата во берберница да биде интересно и убаво искуство. – Ова ќе биде една поинаква приказна од другите. Сакам да опфатам клиенти од сите возрасти, а посебно мислам и на најмладите. Им ги нудам на клиентите најновите трендови во машката фризура и уредување на брада. Од модерни fade фризури, skin fade, текстурирани стилови па сè до класични машки фризури со современ изглед – секој клиент може да го пронајде стилот што најдобро му одговара. Сите се добредојдени – еднаш ќе дојдат и повторно ќе се вратат, вели Христијан. Локација на салонот Партизанска бр. 26, наспроти Биотехничкиот факултет. “XBARBERSSHOP by Hristijan“ – стил што се забележува.

Текст и фото: Дамијана Ристевска