Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во братското дерби со Тиквеш во Кавадарци, следува тешка битка за опстанок

Тиквеш – Пелистер 1:0 (1:0)

Фудбалерите на Пелистер од Битола се поразени минимално до 1:0 во Кавадарци од тимот на Тиквеш во натпревар од 22. коло, натпревар кој беше многу значаен во борбата за опстанок во Првата лига. Натреварот го реши Стојанов стрелев на единствени0т гол, а битолчани имаа свои шанси во второто полувреме.

Натпреварот започна со отворена игра, а во 19. минута Стојанов ја имаше првата шанза за гол за Тиквеш. Лусианињо се обиде во 37. минута, а Тиквеш го отвори резултатот во 39. минута. Стојковски го проигра Стојанов, кој земја шутираше дијагонално и погоди за 1:0.  Тиквеш до крајот имаше уште една шанса но Лусианињо ја погоди пречката. Во последната минута од првиот Пелистер се обиде преку Булатовиќ и Здравковиќ.

Вториот дел започна со оправдано поништен погодок на Филип Петровиќ заради офсајд и шанси на Пелистер. Во 71. минута Стојанов од гол-линијата спречи израмнување по ударот со глава на Керим, врати Стојковски. Последната голема шанса ја имаа Здравковиќ и Керим во 90. минута.

Пелистер остана на десеттото место со 21 бод.

More from ВестиMore posts in Вести »