Press "Enter" to skip to content

Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит

Баритонот Давор Неќак, од Битола солист на Хрватскиот народен театар во Загреб, ќе биде во  улогата на Фигаро во росиниевото дело “Севиљскиот бербер“ во ХНК Сплит, ке ќе има премиера во петок, 13. март.

-Кога ме контактираа од ХНК Сплит и дознав дека имаме само две недели проби пред првата представа – не ми беше сеедно. Да дебитирате со главната улога е голема одговорност – а две недели е краток период. Но со одлична и детална припрема пред првата проба, успеавме заедно со колегите да ја поставиме целата представа. ХНК Сплит има прекрасни професионалци кои ми помогнаа да напредувам во улогата, театарот е прекрасен и има совршена акустика. Би бил среќен повторно да гостувам тука“, вели Давор и додава:

-Фигаро е улога која секој млад баритон ја посакува, всушност би се осмелил да кажам дека таа е првата “круна” во кариерата на баритонот. Напишана е доста високо која ја прави технички комплицирана, а посебен предизвик е да ја пеете можеби најпознатата арија на светот – Ларго ал фактотум.  

Изведбата на ова дело е на 13. и 16. март токму во Сплит е совршен избор, затоа што како што велат: „Севилскиот бербер“ како да е напишан по мерка за град каков што е Сплит.

More from КултураMore posts in Култура »