Во недела не очекува големото ракометно дерби во домашното првенство. Во Битола актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го пречекува лидерот Вардар во меч кој може да биде и пресуден за двата тима во трката за шампионската титула.
Од редовите на „зелено-белите“ објавија дека од утре стартува продажбата на билетите за големото дерби. Истите ќе се продаваат преку
и на уште неколкку локаци во градот.
Продажбата ќе стартува утре од 13:30 часот.
Натпреварот во недела е закажан со почеток од 19 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.









