Како што секој одговорен возач знае, една од најважните обврски како сопственик на возило е вршењето на технички преглед. Техничкиот преглед е повеќе од законска обврска затоа што директно влијаат на вашата безбедност, сигурноста на патот и долгорочната исправност на возилото.
Во Минт Центар, процесот за вршење технички прегледи е дизајниран да биде брз и прецизен, без губење време.
Наместо класичното искуство со чекање, нејасни информации и фрагментирани услуги, во Минт Центар добивате модерен пристап кон техничките прегледи: организиран процес, стручен тим и јасна комуникација во секој чекор.
Технички прегледи – Што претставуваат и зошто се неопходни?
Техничките прегледи се задолжителна проверка на исправноста и безбедноста на вашето возило, согласно важечките законски прописи. Нивната цел е да се утврди дали возилото е безбедно за сообраќај и дали ги исполнува сите технички и еколошки стандарди.
Со техничкиот преглед се утврдува исправноста на пропишаните системи, составни делови и самостојни технички единици на возилата.
Прегледот се состои од проверка на точноста на податоците во документацијата, визуелен преглед и преглед со користење уреди и опрема во станицата за технички преглед на возила.
Преку технички прегледи се проверува дали вашето возило има исправни:
- Возна спојка и каросерија односно самоносечка конструкција,
- Мотор и погонски уреди,
- Уред за управување,
- Уред за сопирање,
- Светлосни и светло-сигнални уреди,
- Уреди што овозможуваат нормална видливост,
- Оски, тркала, пневматици,
- Уред за давање звучни сигнали,
- Уред за движење на возилото назад,
- Уред за испуштање на согорени гасови,
- Емисија на издувни гасови,
- Влечен уред за спојување на влечно и приклучно возило и
- Останати уреди, делови, и ознака на возилата и нивната опрема.
Редовните технички прегледи се повеќе од формалност, тие се законски задолжителни и директна инвестиција во вашата безбедност и во безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Како се одвиваат техничките прегледи во Минт Центар?
Во Минт Центар, техничките прегледи се организирани според јасен и ефикасен систем кој овозможува брз проток на возила без метеж и долги редици.
Процесот изгледа вака:
- Пристигнувате во Минт Центар.
- Возилото се презема од нашиот стручен персонал.
- Се спроведува детална и прецизна техничка проверка.
- Добијате јасна информација за состојбата на возилото.
- По завршување, продолжувате со регистрација или други услуги – на исто локација
Сите технички прегледи се изведуваат со современа опрема и според највисоки стандарди, без импровизации.
Повеќе од технички прегледи – вистински центар за возачи
Минт Центар оди подалеку од основното. Затоа, додека сте таму, имате пристап и до:
- Mint Exchange – менувачница за брзи и сигурни трансакци.
- Минт Кредит – финансиска поддршка.
- Пошта, за административни обврски без дополнително губење време.
- Сервис за возила, ако е потребна интервенција по техничкиот преглед.
- Ресторан, каде што можете да се опуштите, да се напиете кафе или да направите пауза.
Сè е осмислено така што времето поминато во Минт Центар да биде корисно, а не напорно.
Зошто да изберете технички преглед во Минт Центар?
Она што ги издвојува техничките прегледи во Минт Центар е целосниот пристап кон клиентот. Овде не сте само „уште едно возило во редица“, туку клиент чијашто удобност и време се приоритет.
Главни придобивки:
- Брзина и ефикасност – минимално чекање.
- Прецизност – детална и стручна проверка.
- Транспарентност – јасно објаснети резултати.
- Интегрирани услуги – регистрација, осигурување и финансиски решенија на исто место.
- Професионален тим – искусни и обучени професионалци.
Техничките прегледи во Минт Центар се дел од поширок концепт „сè за возачите, на едно место“, што значи дека целиот процес е логички поврзан и поедноставен.
Минт Центар – Безбедноста започнува со квалитетни технички прегледи
Во свет каде сообраќајот станува сè поинтензивен, квалитетните технички прегледи не се избор, туку неопходност. Минт Центар нуди современи, сигурни и професионално изведени технички прегледи, со фокус на вашата безбедност, удобност и доверба.
Доколку барате место ка де техничките прегледи се изведуваат брзо, стручно и без компликации, вистинското место е Минт Центар – затоа што најдоброто искуство секогаш започнува со квалитетни технички прегледи.






