Денес во 13,30 беа пуштени во продажба влезниците за вечното ракометни дерби Еурофарм Пелистер – Вардар и како што се очекуваше веднаш се распродадени, за неколку минути, а салата “Боро Чурлевски“ е целосно распродадена неколку дена пред дуелот.
Со право вниманието на ракометната и спортска јавност во недела ќе биде насочено кон Битола, се игра дербито од второто коло од плеј-офот во македонската Супер лига.
Со победа која ја очекуваат битолчани Еурофарм Пелистер ќе се врати во битка за титулата сезонава и ќе ја намали негативата која е сега е четири бода.
Дербито е закажано за недела со почеток од 19:00 часот, а судии ќе бидат Исмаил Металари и Ненад Николовски.









