-Во време кога гледаме и слушаме само лоши и негативни вести, некако без да ги регистрираме поминуваат позитивните случувања во Битола.
-Господине не мора да “турате“ за 1.000 денари гориво, ние “тураме“ за колку сакате, ни рече на сите кои бевме во редот за гориво младото момче на бензинската пумпа “Битоил“ во Битола, кога беше “кризата“ со дизелот и бензините пред една седмица.
Гест кој на сите кои беа на бензинската пумпа “Битоил“ ни ја врати надежта дека има уште битолчани на кои “лицето“ им значи повеќе од заработката, во време кога некои точеа гориво во ограничени количини, некои и воопшто не точеа.
Можеби гестот на сопствениците на “Битоил“ не ги збогати битолчани и не ги “извади“ од кризата, а и не ги осиромаши ним, но ќе остане гест кој ја враќа вербата во битолчани, во Битола.
-Кризни денови имало и ќе има, но заедно со старите и новите муштерии ќе се обидеме тие денови да поминат полесно, и кризата да трае пократко, порачаа од “Битоил“.






