Press "Enter" to skip to content

Битолчани “Кај Митре“ во Лутраки, Пожарско 45 години се како дома, на најубаво печење

-Таверната “Кај Митре“ во Лураки, Пожарско, постои 45 години и никој не го знае бројот на гости, а ги има илјадници, кои ги услужиле, нагостиле и испратиле задоволни, да пренесуваат убави впечатоци, бидете дел од приказната која се уште трае, и ќе трае.

Март е време кога битолчани кои сакаат да “шетаат“ се упатуваат кон топлите води во Лутраки, или со старо име Пожарско, а утрешниот сончен ден кој ни престои е како создаден за тоа.Кафето на пладне испиете го во кафулето кај базенот и уживајте во топлата термална вода со константни 35 степени.

Потоа во таверната “Кај Митре“ вкусете го најубавото јагнешкото, јарешкото  и свинско печење со сите додатоци кој ќе ви ги понудат домаќините и ќе предизвикаат голема сласт. Дозволете Митре, Кочо, и целиот персонал како вистински домаќини, да ве услужат  и да ви го направат денот уште поубав, ден кој долго ќе го раскажувате.Ужувајте во прекрасното место каде и големиот војсководач Александар Македонски ги лекувал раните, бидете дел од оваа безвременска природна убавина.