Кошаркарите на Пелистер имаат одлични шест победи и само еден пораз од почетокот на 2026 година во Супер-лигата, па јасно е дека полни со самодоверба ќе влезат во утрешниот дуел со Гостивар (13.30 часот, сала „Боро Чурлевски) во обид да му се реваншираат на овој ривал за поразот во првиот дел од сезоната.
-Што се однесува до Гостивар, тие се екипа со квалитет, играат цврсто и знаат да казнат секоја грешка. Во првиот круг мислам дека не бевме на нашето вистинско ниво, имавме падови во концентрацијата и дозволивме лесни поени. В недела треба повторно да тргнеме од одбраната, да ја контролираме транзицијата и да играме паметно во напад. Ако ја задржиме енергијата и тимската игра како против Куманово, мислам дека имаме добри шанси да дојдеме до победа, оптимист е Крстевски.









