Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола

Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 34:31 (18:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 попладнево во Битола извојуваа победа над Радовиш со  резултат 34:31, полувреме 18:13 во натпреварот од 2. коло од плеј-аутот.

“Пелистерци“ во првите триесет минути беа подобар тим, а на одмор се отисе со +5 (18:13). Гостинскиот тим не успеа да најдре решение за играта на Еурофарм Пелистер, освен во завршницата и на две минути пред крајот дојде само до -1 (32:31), но мораше да се помири со пораз 34:31. 

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Мохамед Бен Азиз Мафуд и Одифред Баптист.