Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ученик физички нападнат од наставник, приведен возач без возачка, две сообраќајки со тешки повреди

На 13.03.2026 година во 13.20 часот во СВР Битола, 38 годишен битолчанец пријавил дека неговиот малолетен син додека бил на час во основно училиште во Битола бил физички нападнат од страна на наставник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 14.03.2026 во 04,15 часот на ул. „Јане Сандански“ во Битола, полициски службеници лишиле од слобода 39 годишник од Битола. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило “опел“ со битолски регистарски ознаки при што констатирано било дека истиот  го управува возило без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок. 
 
На 13.03.2026  во 19.01 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки управуван од 61 годишник од Битола удрил во пешак на возраст од 41 година од Прилеп. По несреќата пешакот бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. 
 
На 13.03.2026 во 21.12 часот во СВР Битола било пријавено дека   на крстосница составена од  патот А3 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со прилепски регистарски ознаки управувано од 33 годишник од Битола и патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки управувано од 22 годишник од од с. Кукуречани општина Битола. Во несреќата возачот на “шкодата“ се здобила со тешки телесни повреди  констатирани од лекар од Клиничка болница Битола, додека возачот на „хјундаи”  се здобил со телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.