Еурофарм Пелистер – Вардар 22:27 (12:11)
Еурофарм Пелистер е поразен во Битола во вечното ракометно дерби од Вардар кој направи голем чекор за титула и сега сами без калкулации од други одлучуваат дали титулата ќе ја вратат во Скопје. Црвено-црните на Иван Чупиќ го победија актуелниот првак Еурофарм Пелистер во Битола со резултат 22:27, полувреме 12:11.
Натпреварот започна рамноправно, Вардар имаше мала предност на почетокот, а потоа видстсвото беше кај Еурофарм Пелистер. Имаше добро одбрани на голманите Валах и Митревски, а црвент картон доби Урош Митровиќ уште во 8. минута.
Еурофарм Пелистер по тој момент замина на 7:5, потоа беше и 11:8. Вардар се врати на еден негатива (11:10), а со таа разлика од +1 за Пелистер се отиде на одмор (12:11).
И второто полувреме започна како првото, со рамноправна игра.Од резултат 16:16, Вардар за првпат се одлепи на два гола разлика (16:18), а потоа се дојде на реми (19:19). Голманот на Вардар забележа неколку добро одбрани, одбраната на Вардар стана поагресивна, плус технички грешки на “пелистерци“ се додје со највисоки плус три (19:22).
Тајм-аут побара Алушевски на седум минути до крајот на мечот. Следуваше гол на капитенот Кузмановски (21:23), но не случи комплетен пресврт. Вардар замина на пет гола во финишот (21:26), мечот беше готов. Следуваше по еден гол на двете страни за крај на натпреварот 22:27.
Кај Еурофарм Пелистер најефикасни беаДејан Манасков, Андреј Видомски, Рудолф Хакбарт и Филип Кузмановски кои дадоа по три гола, а Никола Митревски забележа седум одбрани.
Јака Малус беше прв стрелец кај Вардар со осум гола, а го следеше феноменалниот Милан Лазаревски со седум гола.
Фото: Дамијана Ристевска









