Press "Enter" to skip to content

Јубилејно лого на Пелистер Волеј по повод 15 години постоење

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола денес прославува 15 години постоење, односно 15 години од формирањет на клубот, кога и официјално на 15 март 2011 година е донесен статутот на клубот, што значеше возобновување и продолжување на идејата за современ одбојкарски клуб.

-Од ентузијазам и идеја до реалност и гордост на Битола, Пелистер е клуб со бројни успеси и репрезентативни имиња како и интернационални засилувања, клуб кој се етаблира високо во нашиот град но и во државата, со што покажува континуитет и стабилност. Пелистер прерасна во клуб околу кој се обединија пред се Општина Битола, но и бројни фирми и стопанственици од нашиот град, што само ја отсликува нашата силна заложба за модерен клуб кој што е достоен репрезент на нашиот град, соопштија од Пелистер Волеј.

Јубилејно лого е дело на Васко Тромбев, човекот кој што е креатор и на основниот амблем

Од Пелистер Волеј упатуваат благодарност до сите нивни некогашни одбојкарки и членови на клубот кои биле дел од оваа прекрасна историја, благодарност и до нивните  поддржувачи и спонзори.

More from СпортMore posts in Спорт »