Press "Enter" to skip to content

Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “

НУУБ „Св. Климент Охридски“ -Битола ги поканува сите заинтересирани битолски писатели, да испратат досега необјавени дела (проза или поезија) на тема „Тајните од битолските сокаци “ за изготвување на 21. зборник на битолските писатели во Македонија

Делата да бидат напишани во Word документ. Фонт: Times New Roman, големина 12, кирилично писмо. Максимум: до 5 страни А4 формат.

Делата да се испратат на е-маил: nuub.bitola@gmail.com.

Крајниот рок за испраќање на делата е 1.06.2026 година (понеделник).