Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив

КК Пелистер вечерва во Битола со почеток во 19 часот го игра својот меч од 19. Коло од кошаркарската Супер-лига на Македонија во кој за противник во нашата сала „Боро Чурлевски“ ќе го имаме тимот на Гостивар.

Поразот од овој ривал во првиот круг од сезоната е запаметен и ќе послужи како мотив плус, за „зелено-белите“ да одиграат во истиот ритам како на речиси сите средби во 2026 година, пристап што несомнено ќе донесе нова победа и радост за битолчани.

-Гостивар е тим што игра агресивна, квалитетна кошарка. Фактот дека се доле на табелата не смее да залаже никого. Нема да го потцениме овој противник, сакаме да продолжиме со добри игри и победи. Клучно според мене ќе биде да одиграме добра одбрана, да го натераме противникот на загубени топки од кои потоа би произлегле лесни поени за нас, вели Ленгстон Вилсон, американскиот центар во дресот на Пелистер.

Дуелот со Гостивар следи по одличното издание на „пелистерци“ над Куманово и победата од 30 поени разлика во најдобриот одигран меч на „зелено-белите“ оваа сезона.

-Се беше одлично против Куманово, функциониравме како колектив, меѓусебно си помагавме во одбраната, додека во нападот правевме предност и ја движевме топката. Максимално одговоривме на се што стручниот штаб побара од нас, верувам дека тоа ќе биде случај и на денешниот дуел со Гостивар, вели Вилсон.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »