Press "Enter" to skip to content

Ние сме со тебе и кога губиме, и кога водиме, ЌЕ ТЕ БОДРИМЕ! (фотогалерија)

Битола беше подготвена за вечното македонско ракометно дерби Еурофарм Пелистер – Вардар кое се одигра во рамките на 2. коло од плеј-офот на Супер ракометната лига на Македонија.На еден час ред почетокот на натпреварот беше полна спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а да се најде паркинг околу салата беше неможно.Се започна, како и на секој натпревар, со песната “Ако одам во Битола“, и секако “Како вчера да беше брат“, а потоа и започна навивачкото шоу.Зелено-бели трибини, многу знамиња, песни, шалови, транспаренти… Аплауз за постигнати голови, но и жал за промашувања.За жал, наместо победа и да направиме чекот кон титулата, Пелистер е поразен од Вардар, и направени се два чекори назад. Сега се е во рацете на “вардарци“, а ние за титула имаме само теоретски шанси. Но, топката се тркала…На крај публиката им ја честита победата на ривалот, а на “пелистерци“ им порача:Ние сме со тебе и кога губиме, и кога водиме, ЌЕ ТЕ БОДРИМЕ!Фото: Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »