Press "Enter" to skip to content

Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика одлучи бензините да поскапат за 7 денари, а дизелот за 6,5 денари за литар, а со тоа заклучно со трите мартовски понеделници, цените на дериватите се зголемени за близу 25%.

Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ ќе се продаваат за 86,5 денари за литар и 88,5 денари.

Цената на дизелот за еден литар е 92 денари.

И екстра лесното масло за домаќинство поскапува за седум денари и ќе се продава за 89,5 денари за литар.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека денешната одлука за цените на нафтените деривати е резултат на растот на цените на нафтените деривати на берзата, како и на континуираниот раст на доларот во однос на денарот во изминатиот петдневен период.

More from ВестиMore posts in Вести »