Силекс – Пелистер 0:0
Екипата на Пелистер од Битола во денешниот последен натпревар од 23. коло на Првата македонска фудбалска лига одигра натпревар без голови.
На почетокот на првото полувреме Пелистер делуваше мотивирано, а домашниот тим повремено се обидуваше да стигне до голот. Првата посериозна шанса во 25. минута ја имаше напаѓачот на Пелистер, Лука Булатовиќ, но ударот заврши во голманот Џеков. На крајот од полувремето најпрво Донов биеше од далечина, а на спротивната страна, за Пелистер биеше Спировски.
Силекс во второто полувреме имаше две прилики преку Ади Алиќ. Следуваа за Пелистер две одлични прилики, прво Булатовиќ, а потоа и Ивановски. За Силекс нова добра шанса имаше Алиќ, а се обиде и Мишов. Во завршните петнаесет минути, биеше Португалецот Пиреш со глава, а во последните секунди, “пелистерци“ со постигнаа автогол кој беше поништен поради офсајд ситуација на противнички играч.
Пелистер има 22 бода и остануца на 10. место на табелата.
Во следното коло, Пелистер ќе ја пречека Струга Трим Лум на домашен терен во Битола.











