Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување

На 15.03.2026 во 19:20 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т. (30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 15.03.2026 во 19:10часот пред спортска сала „Боро Чурлевски” на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.А. (27) од Скопје затоа штпо го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.