Press "Enter" to skip to content

Битолското друштво со прослава за 8. Март во македонскиот спортски центар “Илинден“ во Рокдаел, Сиднеј (фото)

Во македондонскиот спортски центар “Илинден“ во Рокдаел, Сиднеј, а во организација на битолското друштво, во кое членуваат во најголем број иселеници од Битола како и многу години претходно, свечено беше прославен денот на жената 8. Март.Прославата започна со тоа што на секоја жена која беше присутна во салата, полна со гости, и празнично уредена и беше подарена црвена ружа.Долгогодишниот претседател на друштвото Лупчо Ангелевски ги поздрави сите присутни им се заблагодари за присуството  го честита празникот на сите жени и накусо се осврна за важната улога на жената во семејниот живот како и во општеството.Беше кажано и тоа дека во денешно време жената ги ужива скоро сите права како и мажите и може и е способна да биде успешна во сите сфери на животот, а претседателот Лупчо Ангелевски се заблагодари на сите членови и помагатели во организирањето на свеченоста.

Во организацијата беше вклучена и неговата сопруга Николина која му помогна овој настан да биде организиран на највисоко ниво и пример како во иднината треба да изгледа секоја прослава.За музичкиот дел се покрижија групата “Арија“ кои свиреа и пееја преубави македонски народни песни и ора, како и забавна музика. Сите беа многу весели, посебно жените убави и убаво облечени иако најголем дел средновечни, како длабоко да го чувствува празникот и слободата што ја имаме денеска.Организирана беше и богата лотарија и среќни добитници, а главна награда беше 500 долари ваучер за патување подарок од госпоѓата Џина Брага од Рокдаел, Сиднеј. Дел од средстава од оваа вечер Друштвото ќе ги користи за хуманитарни цели односно помагање на болницата во Битола, зоолошката градина и друго.Инаку Битолското друштво постои повеќе од 30 години и два пати годишно организира вакви настано и порачуваат:

-Да се дружиме, уште долго, да се гледаме и да се веселиме заедно,  оддалечени од нашата матична земја, Македонија.

Славица Марцевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »