Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одржа пријателски ракометен натпревар на младинските екипи на Еурофарм Пелистер и тимот на нивните врсници од Охајо, САД.
Во натпреварот во кој ни малку не беше во преден план разултатот младите ракометари се дружеа, тренираа заедно, играа и се дел од една пријателска приказна.
Тимот на младите “пелистерци“ го водеше тренерот Фарух Мемиќ, а како “засилување на тимот на Охајо и на нивниот тренер Џим Оро беше Стевче Стефановски, кој им кажа и вредни совети на нивните млади голмани.
Фарух Мемиќ за оваа несекојдневна прилика да играат ваков натпревар рече:
-Ова беше ретка прилика на мадинците од Еурофарм Пелистер да одиграат пријателски натпревар со тим од САД. Прво на нивно барање имавме заеднички тренинг, на кој гостите сакаа да видат дел од трензите кои ги имаме. Секако дека времето е кратко но се надевам дека тоа што го работеа тренингот заедно со нас имаа прилика да видат дел од нашиот тренажен процес.
Тренерот од Државниот универзитет во Охајо, кој престојува во Битола со младинска ракометна екипа, го сподели своето позитивно искуство од посетата на Македонија.
-За првпат сум во Македонија, а престојот во Битола е навистина прекрасно искуство за мене и за мојот тим. Овој град има посебно значење за мене, бидејќи моите први тренери, Тони Коштревски и Димче Тодоровски, поранешни играчи на РК Пелистер, беа токму од тука, од Битола. Одраснат сум во Охајо, каде што започнав да тренирам ракомет. Денес сум тренер тренер на екипата на Државниот универзитет во Охајо, Овој пат тука сум со младинската екипа, и во рамки на посетата, имавме чест да го проследиме натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, каде што атмосферата во салата беше неверојатна и додаде:
-Иако резултатот не беше во корист на Пелистер, енергијата и поддршката од публиката беа на врвно ниво. Како тренер на екипата на Државниот универзитет во Охајо, ова искуство го сметам за исклучително важно за нашите млади играчи – не само од спортски аспект, туку и од културен.
Фото: Сашо Ристевски











