Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола за реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството за организирање на волонтерски акции.
Овој повик се однесува на доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството, за организирање на волонтерски акции, а во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.
Временската рамка за спроведување на волонтерските акции е до 15 декември 2026 година.
Висината на финансиските средства кои ќе се доделат за организација за волонтерска акција изнесува најмногу до 30.000 денари. Вкупниот фонд за поддршка на волонтерски акции е 400.000 денари.
Повеќе информации на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/volo






