На 20.03.2026 во 21:15 часот полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 46 годишник од Битола. По претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во Битола во дом, сопственост на лицето, при што е пронајдена бела прашкаста материја, растителна материја, дигитална вага со траги од прашкаста материја и пари.
Исто така, на 20.03.2026 во 21:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода на возраст од 49 и 39 години, двајцата од Прилеп. Во патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, пронајдени се паковки со грутчеста материја и дигитална вага со траги од грутчеста материја. По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 20.03.2026 во 17:30 часот на бул. „1 Мај” во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.И.(51) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.03.2026 во 17:50 часот на ул. „Довлеџик” во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 46 годишник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






