Press "Enter" to skip to content

Универзитетската билиотека “Св. Климент Охридски“ од Битола го прослави 81. роденден (фотогалерија)

Вечерва во своите простории НУ УБ “Св. Климент Охридски“ го прослави својот 81. роденден, која е основана на 25 март 1945 и оттогаш  расте, се збогатува со книги и денес има книжен фонд од околу еден милион книги и бројни списанија.На прославаа присуствуваа ректорот проф д-р Игор Неделковски, пратеничката во Парламентот м-р Олга Лозановска,  заменичка градоначлник Марина Крстиќ, градоначалници на општтина Могила и Новаци, претставник од МПЦ, поранешени директори и вработени во библиотеката, читатели и љубители на пишаниот збор…Со секојдневните многубројни активности, библотеката испишува нови страници, а остварени се партнерства со универзитетите, културните установи и локалната заедница, продлабочена е соработката со факултетите и наставно -научниот кадар, одржана е првата меѓународна конференција на библиотекари и саем на книгата.Директорката на Национална институција- Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова во своето обраќање пред присутните рече: -Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“  Битола која денес го слави 81. роденден од своето постоење е  храм којшто е чувар на знаењето, културата и традицијата на нашиот град и на нашата држава. Минатата година ние го прославивме Јубилејот 80 години НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на високо протоколарно и содржинско ниво, а беше пр0мовирана публикацијата за 80 годишното постоење на Библиотеката и капитално дело Монографија за 80 години НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Оваа година со делегиран буџет имаме одличните проекти од библиотечната дејност и меѓународната соработка.-Годинава, ќе се инвестира во просторијата за музикалии – професионална соба за учениците и студентите кои се заинтересирани за некнижниот библиотечен фонд, во што спаѓаат ЦДа, винил- грамофонски плочи и други електронски изданија. Ќе го доопремиме и на просторот кај постојаната музејска поставка, со застаклување на изданијата на Библиотеката и други раритетни книги и стари ракописи, како и соба на Св. Климент Охридски. Во делот на инвестиции, со ребалансот на буџетот очекувам конечно да се одобрат средства за санација на кровната покривка- старото крило на Библиотеката што е под Законот за заштита на културното наследство и е дел од Широк Сокак- културно обележје на нашиот град Битола, но и Македонија, како целина. Со се ова ќе ја зацврстиме и унапредиме улогата на Библиотеката како амблем на знаењето, инспирацијата и културниот развој во нашиот град и пошироко.Најубавиот, највредниот подарок и најсоодветниот начин да се прослави роденден на една библиотека, е со книга затоа вечерва за 81 роденден на библиотеката беше промоција на книгата од проф. д-р Зоран Пејковски: „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“. Промотор беше проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, од Институт за македонска литература при УКИМ.Во рамките на прославата беа доделени и наградите „Роднокраен автор за 2025“ со едногоасан одлука на Комисијата.Наградата за “Роднокраен автор за 2025 година“ за поезија ја доби Ели Маказлиева, писателка. Наградата за “Роднокраен автор за 2025 година“ за проза ја добива Гордана Такец.Наградата за “Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја доби Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, поет, драмски писател, драматург, прозаист, публицист, театарски критичар, научник и културен дипломат, автор на 69 книжевни дела и добитник на голем бројни домашни награди и признанија и најновта плакета и статуетка “Зоран Радмиловиќ“ во Ниш.

И оваа година традиционално за вљубениците во книгата кои изнајмиле и прочитале најмногу книги во 2025 година беа доделена наградата “Читател на годината за 2025 година“.Во категорија претшколски деца наградени се Димитра Георгиева и Ана Артиновска. Во категорија основци Ана Ѓоргиоска и Димитар Алачкоски. Во категорија средношколци Јована Јанева и Ема Вељаноска. Во категорија возрасни Силвана Скерлевска и Бранко Кулушески. Во категорија пензионери Марика Мицевска и Анастасија Шалевска.Во музичкиот дел настапија на виолина и пијано Ангела Момировска и Тамара Василевска, Јана Стојковска и Мила Петровскакако пијано дуо и Ангела Момировска и Тамара Василевска во пијано дуо.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »