Денес, сабота, 28 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.
Утре, недела, 29 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени.






