-По одлично организираните пролетни саеми на “Ангромаркет“, на кој производите се продаваат по дисконтни цени цени кој ги нудат самите компании, а голем дел и организаторот, денес и утре се одржува 5. по ред на барање на купувачите има и дополнителен попуст од 5%.
-Покрај компаниите кои беа до сега новина на овој саем се штандот на компаниите “Кофи ангел“ од Прилеп и “Синак 95“ од Гостивар.
Денес и утре на платото на “Ангромаркет – Лозар “ отворен е 5. по ред пролетен саем на “Ангромаркет“, на кој производите кои се продаваат со намалени цени кој ги нудат самите компании, а оваа година по повод петтиот по ред саем купувачите ќе имаат и 5 проценти дополнителен попуст.
“Ангромаркет“ и компаниите се одлучија на нивните купувачи да им понудат несекојдневен начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти, за што комерцијалниот директор на “Ангромаркет“.
“Ангромаркет“ е добро позната компанија во Битола и пошироко, а ова што се случува кај нив не е за прв пат во нивното 26 годишно постоење, а е специјално подготвено за нивните купувачи по 5. пат го реализираат. Добро познато фирми и брендови се заедно со нив, а како гледаме тое е примамливо за нивните купувачи. Утре бидејќи е неработен ден секако дека ќе биде повеќе посетено. “Ангромаркет“ е компанија која во изминатите 25 години е позната по тоа што продава производи по одлични цени и има широк асортиман на производи, а тоа го докажува и на годинашниот пролетен саем.
Битолчани и жителите од околните места можат да набават рачен и електричен алат, градинарски производи, производи за уредување на градините, тенди, маси, столици, телевизори и бела техника и други производи кои се продаваат со попуст, заедно со компаниите кои продаваат производи во нивните супер маркети и други компании.
Некои брендови се на саемот уште од првиот пролетен пазар во 2019 година со свои продажни места.
Секако тука е големиот штанд со нишалки, маси и столици, скари, осносно со односно со “се за градина“, а има и убави цветни аражмани.
За овој нов начин на продажба, од “Ангромаркет“ велат дека е предизвик да се организира секоја година, иако веќе го имаат реализирано бидејќи бара посебен ангажман и подготовки, а нивниот вреден тим тоа успешно го реализира. “Ангромаркет“ и компаниите се одлучија на нивните купувачи да им понудат нов начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти, а продажбата е на отворено на платото пред ресторанот.
-Не радува што “Ангромаркет“ се одлучи и оваа година да организира ваков саем, на кој можеме да се претставиме како компании, а на купувачите да им понудиме стока по дисконтни цени. Одличен простор за продажба, одлична организација, добра продажба, тоа е се што може да се посака на ваков убав викенд, истакнуваат комерцијалистите од повеќе компании.
Сите кои имаат мерак дворот да им биде убаво среден се одлучаат да го подноват летниот надворешен намештај, со нови производи за комплетно уживање под сенка, односно за доуредување на дворот на радост на децата и на повозрасните.
За пролетниот саем да биде комплетен организаторите се потрудија да има и храна и дегустација на некои производи. За купувачите и посетителите ресторанот и летната бавча се целосно ставени во функција на гостите на саемот.
Текст и фото: Сашо Ристевски






