Press "Enter" to skip to content

Основно училиште и ресурсен центар “Кочо Рацин“ одбележа 77 години постоење (фотогалерија)

Вчера и денес основното училиште и ресурсен центар “Кочо Рацин“ од Битола одбележа 77 години постоење и го осбележа Светскиот ден на гласот.Одбележувањето беше на  начин што долго ќе се памети – со инспиративно музичко патување, исполнето со емоции, насмевки и заедништво. Тоа беше момент кога сите заедно “одлетавме“ над секојдневието и испративме силна порака до светот, а мотото на прославата беше “Со песна околу светот“. Драгана Кирковска – директор на основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ во своето обраќање до присуните на платото пред Офицерски дом рече:-Денес, на еден значаен датум, датум кој во календарот е заокружен како Светски ден на гласот ќе полетаме со песна и танц за гласно да пренесеме моќна порака дека  “Секој глас вреди“, а тоа нека биде порака за единство и мир од едниот, па се до другиот крај на светот. Во вашите раце ги имате вашите “пасоши“  на кои се обележани дестинациите на ова неповторливо патување.-Денес, на Светскиот ден на гласот, испраќаме најгласна порака: дека секој глас вреди, дека секое дете и секој возрасен патник на светот има што да му каже и што да му покаже. Нашите срца ќе ве поведат низ различни земји, култури и приказни и ќе ви докажат дека различностите не нè разделуваат – туку нè збогатуваат, додаде Кирковска.Учениците, наставниците и сите присутни беа дел од една заедничка приказна – приказна во која секој имаше свое место и своја улога. Настанот  не беше само музички настан, туку вистинско патување без граници – патување каде што разликите не нè разделуваат, туку нè зближуваат.-Нотите станаа мост што ги поврза сите присутни, а музиката се претвори во универзален јазик на разбирање, прифаќање и љубов.  Со секој отпеан тон, испративме порака дека заедништвото е нашата најголема сила, а гласот – нашето најмоќно средство за изразување. Овој ден нè потсети дека музиката не познава бариери – таа допира до секое срце, обединува и создава спомени кои траат. „Еден свет. Безброј песни… Една порака – МИР!, беше речено на одбележувањето.

Денес, продолжи одбележувањето на двата датуми, во просториите на Ресурсниот центар, а гостин им беше градоначалнико Тони Коњановски, а таму беа и родителите на нивните ученици, поддршка во сè што го создаваат и реализираат, како и пензионери, кои со својата посветеност и долгогодишна работа оставиле неизбришлив белег во развојот на институцијата. 

Ж.Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска
More from ВестиMore posts in Вести »