Press "Enter" to skip to content

Уште една акција во рамките на Денот на добри дела

Волонтерите на Младински културен центар – Битола беа во посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола, каде заедно со корисниците на домот поминааа прекрасно време исполнето со дружење, разговори и друштвени игри.

Просторот беше исполнет со топлина, смеа и искрени насмевки. Секоја партија игра носеше нова приказна, секој разговор отвораше ново пријателство, а секој момент поминат заедно оставаше чувство на поврзаност и радост. Ова не беше само обична посета – беше размена на внимание, почит и човечност.-Особено нè радуваше што преку вакви едноставни активности успеавме да внесеме ведрина во секојдневието и да создадеме моменти кои значат многу – и за нас, и за нив. Насмеаните лица и позитивната енергија што ја споделивме се најголемата потврда дека ваквите средби имаат вистинска вредност, рекоа од МКЦ Битола.

Оваа акција уште еднаш нè потсети дека грижата, вниманието и времето што го посветуваме едни на други се најважните нешта што можеме да ги дадеме. Понекогаш доволно е само да бидеш присутен, да сослушаш и да споделиш момент – и токму тогаш се создаваат најубавите спомени.