Оваа година Техничкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), одбележува значаен јубилеј – 65 години од своето основање. Шест и пол децении посветени на инженерството, науката и образованието – период во кој се создадени илјадници успешни професионални кариери.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот се организира и “Идеатон“ – натпревар на идеи од областите на сообраќајното инженерство и графичкиот дизајн („IDEATHON – Traffic Engineering & Graphic Design“).
Целта е поттикнување на креативноста и иновативноста преку генерирање идеи и применливи концепти, базирани на современи технологии, со кои ќе се придонесе кон развој на нови генерации сообраќајни решенија и напредни алатки за графички дизајн, со цел визуелизација и адресирање на современите предизвици.
Предложените идеи и концепти опфаќаат повеќе значајни области, меѓу кои: паметни градови, заштита на животната средина, безбедност во сообраќајот, јавен превоз, микромобилност, графички дизајн, инклузија, пристапност…
“Идеатонот“ обединува младост и знаење, со учество на студенти од отсеците за сообраќај и транспорт и графичко инженерство и дизајн, како и талентирани ученици од средните и основните училишта од повеќе градови, меѓу кои Битола, Охрид, Кочани и Прилеп.
Натпреварот е симбол на континуитетот и традицијата на факултетот, како и неговата посветеност кон поттикнување на младите генерации да креираат иновативни и одржливи решенија.

“Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив





