Проблемот со враснати нокти е многу почест отколку што се мисли. Болка при одење, воспаление, чувствителност, па дури и инфекции, сето тоа се симптоми кои често се игнорираат или се третираат површно, како дел од редовен педикир. Но, враснатиот нокт не е естетски, туку здравствен проблем.
Токму тука започнува улогата на подологијата – современа дисциплина која ја обединува медицинската и естетската грижа за стапалата, со фокус на решавање на конкретни состојби, а не само нивно прикривање.
Што претставува подолошката корекција?
Една од најсовремените методи за третман на враснат нокт е подолошката корекција со протеза (Orthonyxia) – техника која овозможува неинвазивно исправување на растот на ноктот. Наместо хируршки зафат или агресивно отстранување на дел од ноктот, оваа метода користи специјална протеза која се поставува на ноктот и постепено го насочува неговиот раст во правилна форма.
Резултатот е: намалување на болката, смирување на воспалението, спречување на повторно враснување, враќање на нормална функција на стапалото и што е најважно – без прекин во секојдневните активности.
Од третман до решение
-Во пракса, најчесто гледаме клиенти кои со години го решаваат истиот проблем на ист начин – привремено. Со секое следно враснување, состојбата станува посериозна, објаснува Соња Василевска, сертифициран подолог и долгогодишен член на тимот на BODY M.
-Подологијата нуди поинаков пристап. Не се фокусираме само на тоа да ја намалиме болката во моментот, туку да го коригираме начинот на растење на ноктот. Со протезите, работиме на причината, а не само на последицата.
Василевска има долгогодишно искуство и завршено специјализирани обуки во областа на подологијата, следејќи ги најновите светски практики во третманот на проблеми со стапалата.
Кога е време да побарате стручен пристап?
Доколку се соочувате со: – повторувачки враснат нокт – болка при одење или притисок – црвенило, оток или воспаление – деформација на ноктот…тоа е јасен сигнал дека класичниот педикир не е доволен. Навремената подолошка интервенција може да спречи компликации и да обезбеди долгорочно решение, без потреба од инвазивни процедури.
Нов стандард во грижата за стапалата
Со воведувањето на подолошка корекција со протези, BODY M го проширува својот спектар на услуги и поставува нов стандард во професионалната грижа за стапалата. Ова не е само новитет во понудата, туку дел од континуираната едукација и вложување во знаење, со цел клиентите да добијат услуга која е безбедна, современа и резултатска. Затоа што кога станува збор за здравјето на стапалата – компромис не треба да постои.






