Mikel Coffee Company, со мрежа на продавници во Грција и во странство и водечка позиција на пазарот за кафе, има потреба од ентузијастични и одговорни лица за приклучување кон својот тим за следните работни позиции:
Бариста / Касиер и Менаџер на продавница за својата нова продавница во Битола, Македонија.
Профил на идеален кандидат:
-Пријатна личност
-Организираност, лесна комуникација и тимски дух
-Одговорност и доследност
-Претходно работно искуство во угостителската дејност ќе се смета за предност
Компанијата нуди:
-Современа и континуирана обука
-Можности за професионален развој во рамки на организацијата
-Пријатна и младешка работна атмосфера
-Целосен пакет на плата и придонеси
-Полно работно време со работа во смени
Испратете CV (биографија) со прикачена фотографија на e-mail: mikel463@mk.mikelcoffee.com
Сите апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.






