Press "Enter" to skip to content

Расчистено разбојништво во обид во Битола, лишено едно лице поднесена кривична пријава

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво во обид”.

На 16.05.2026 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лицето и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол.

Според пријавеното, истиот на 30.04.2026 во 18:10 часот во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул. “Столарска“ во Битола се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје , но не успеал и се дал во бегство.

More from ВестиMore posts in Вести »