Press "Enter" to skip to content

Продолжен викенд во Пожарско – Лутраки, топол базен, прошетка на планина, вкусна храна “Кај Митре“

Битолчани “Кај Митре“ во Лутраки, Пожарско повеќе од 30 години се како дома, на најубаво печење, а така ќе биде и за продолжениот викенд кој ни престои.

Таверната “Кај Митре“ во Лураки, Пожарско не го знае бројот на гости, а ги има илјадници, кои ги услужиле, нагостиле и испратиле задоволни, да пренесуваат убави впечатоци. 

Мај е месецот кога битолчани кои сакаат да “шетаат“, проади тоа што се уште не е “стоплено“ морето најчеста дестинација, која се наоѓа на само стотина километри од Битола се топлите води во Лутраки, или со старо име Пожарско.

Ужувајте во прекрасното место, каде и големиот војсководач Александар Македонски ги лекувал раните, бидете дел од оваа безвременска природна убавина. 

-Кафето на пладне испиете го во кафулето кај базенот и уживајте во топлата термална вода со константни 35 степени. Кој ги сака планините може да прошета по уредената патека до “карпата“ над базенот и ужувајте во прекрасните бои на водата, одморете се со звукот на водата кој е единствен. Потоа ние ве очекуваме, во таверната “Кај Митре“, вкусете го најубавото јагнешкото, јарешкото  и свинско печење со сите додатоци кој ќе ви ги понудиме ние како одлични домаќини, вели Кочо, кој секогаш е подготвен да им “излези“ во пресрет на сите барања на гостите.

-Ни престои одличен викенд, дојдеде да се видиме, да си поприкажуваме, дојдете да вкусите преубава храна, дојдете да ве услужиме и сите заедно одлично да си поминеме, вели Митре кој е препознатливото лице во овој регион и пошироко, кој додава:

-Топлата термална вода која е во  големиот базен или малиот кој е на влезот на базенот е мамка на која “се фаќаат“ најголемиот број на гости. Но, битолчани својот престој го завршуваат во нашата тавена “Кај Митре“, а така ќе биде и овој продолжен викенд.