Press "Enter" to skip to content

Минт Центар поставува нов стандард: од 1-ви јуни и полициска канцеларија

Кога станува збор за брза, едноставна и комплетна услуга, секоја нова придобивка прави разлика. Токму затоа, од денес, 1-ви јуни Минт Центар воведува новитет кој дополнително го олеснува секојдневието на граѓаните. 

Најновиот новитет е започнувањето со работа на полициската канцеларија во рамките на самиот центар. Покрај технички преглед, регистрација на возила, регистрација на рати, осигурување, менувачница и останатите услуги што веќе ги нуди Минт Центар, клиентите отсега ќе можат сите потребни чекори да ги завршат целосно на едно место.

Без дополнителни обиколки, без губење време и без непотребна администрација на различни адреси.

Со овој новитет, Минт Центар дополнително ја зацврстува својата позиција како современ услужен центар каде граѓаните можат брзо, едноставно и ефикасно да ги завршат своите обврски – од технички преглед и регистрација и осигурување, па сè до полициски административни постапки.

Повеќе услуги. Помалку чекање. Сè на едно место.

Добредојдовте во новата ера на кориснички услуги – добредојдовте во Минт Центар.