Има луѓе што отвораат ресторан. Има и такви што прво го носат “ресторанoт” на грб, низ градот.
Палашот беше вториот.
Го знаеш од улица, од фестивал, од места каде што пивото не доаѓаше од шанк, туку од човек. Мобилна бирарија што повеќе личеше на карактер отколку на бизнис. Потоа дојде храната, тивко, без потреба од фанфари. Како нешто што отсекогаш било таму, само чекало форма. Сега, конечно, ја добива.
Палаш. Македонска траторија.
А што всушност значи „траторија“? Не е фенси ресторан. Не е место за тишина, fine dining и бели чаршафи што плашат. Не е ни концепт што треба да го разбереш за да го сакаш. Траторија е наједноставно кажано место каде што храната е лична. Во Италија, тоа се места што не се отвораат за да импресионираат, туку за да понудат убава домашна храна. Семејни, топли, гласни, понекогаш несовршени, ама секогаш искрени. Мени што не е тука да те збуни, туку да те врати на нешто познато. Јадења што не се измислуваат, туку се наследуваат, па малку се подобруваат. Траторија значи дека не мораш да се правиш важен за да влезеш. И дека не мораш да читаш опис од три реда за да разбереш што јадеш.
И сега, искрено … зошто тоа да биде резервирано само за Италија? Ако тие имаат своја траторија, ние имаме уште повеќе причини да имаме македонска. Затоа што и кај нас храната не е само оброк. Туку навика, разговор, навраќање, дома. Палашот ја зема таа идеја и ја преведува на наш јазик. Не како копија, туку како своја верзија. Не е ресторан што се обидува да биде традиционален. Не е ни модерно место што се крие зад концепти. Ова е нешто помеѓу или поточно, нешто свое.
Траторија, ама македонска.
Со топлина што не се дизајнира, туку се носи од дома. Со мени што се менува со сезоната, не со трендот. Со храна што нема потреба да се објаснува премногу, затоа што веќе ја знаеш, само што тука ја добиваш подобро. Луѓе фармери, бавчанџии наместо добавувачи. Состојки со име и потекло. И да, има една мала игра со контраст. Сè ова е сместено во модерен, урбан простор, стакло, линии, архитектура без сентимент.
Собраќајниот центар на MINT, место што повеќе асоцира на движење отколку на задржување. А внатре… спротивното. Ведрина… Мирис што не доаѓа од дифузер на вештачка арома. Атмосфера што не се учи од Pinterest. Палашот не отвора ресторан. Палашот само конечно има адреса.
Е па дојди на афтер кај Палашо.






