„Како роботот знае каде да оди?“„Кој му кажува на роботот што да прави?“ „Може ли да програмирам робот да ми носи сладолед?“ Ако овие прашања им се вртат низ глава на вашите деца, тогаш љубопитноста веќе ја работи својата магија.
Во IQ UP токму од ваквите прашања започнува учењето. Децата истражуваат, експериментираат, програмираат роботи и откриваат дека технологијата не е само нешто што го користиме – туку нешто што можеме и сами да го создадеме. 
Нашата училница понекогаш личи на лабораторија, понекогаш на центар за мали пронаоѓачи, а најчесто на место каде што секоја идеја добива шанса да оживее.
Затоа, ако вашето дете сака да открива, создава и постојано да прашува „А зошто?“, тогаш е на вистинската адреса.
Во тек се раните уписи за новата учебна година, а со навремена резервација следува и бонус од 3.000 денари. 070/245-404
IQ UP – затоа што секоја голема иновација започнува со едно детско прашање. 






