Press "Enter" to skip to content

“Белведере“ во ново руво: Реновираниот ресторан со широко отворени врати за гостите во Битола

Сместен на последниот кат од препознатливата Стаклена зграда, на самиот плоштад “Магнолија“, во непосредна близина на Саат кулата и познатиот Широк Сокак, ресторанпт Белведере нуди една од најубавите панорамски глетки кон Битола.

Од височина, градот изгледа величествен во секое годишно време – во пролет облеан со зеленило, во лето жив и раздвижен, во есен обоен со топли нијанси, а во зима, посебна романтична атмосфера.

Еден од најпознатите ресторани во Битола, “Белведере“, по целосно реновирање повторно ги отвори своите врати за гостите. Со новиот модерен и елегантен изглед, ресторанот сега нуди уште попријатна атмосфера и поголема удобност за своите посетители.Покрај амбиентот, ресторанот е препознатлив и по богатото мени со разновидни специјалитети подготвени од свежи и квалитетни состојки, како и по професионалната и љубезна услуга.

“Белведере“ е идеален избор за утринско кафе, деловен ручек, романтична вечера, но и за организирање свадби, крштевки, родендени, корпоративни настани и други свечени пригоди.

Со новото руво и препознатливиот поглед кон градот, “Белведере“ продолжува да биде едно од најатрактивните места во Битола каде се создаваат убави спомени и незаборавни моменти.