На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско- Прилеп, кај с. Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А. (58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 26.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека биле одземени потопни пумпи и агрегат за струја во атар на с.Добромири, сопственост на приватна фирма која гради пречистителна станица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






