Во екот на летото не застанува со работа местото кое нуди секоја година нешто ново и корисно за образованието на младите. Во тек е подготовка на наставната програма на Анлимитед Кодерс Академијата за престојната учебна година.
Од таму ни открија само дел од методите за успешно говорење на англискиот јазик и развивање на вештини корисни за детскиот раст и развој. За подетални информации ќе мора да почекаме до септември и лично да се информирате таму.
Целите годинава се развој на критичкото размислување, развивање на љубопитност и креативност. Учење дикција и тон во текот на говорот. Течно говорење на англискиот јазик со учење по принципот на мајчиниот. Подобрување на менталната активност, збогатување на речникот за подобра меморија и когнитивни функции и развивање на емоционална интелигенција преку методите кои ги користат како часови посветени само на читањето од приказни до цели книги со драмски интерпретации на текст.
Дебатни часови на различни теми соодветни за возраста, разговори, дискусии и прашања. Развивање фокус, концентрација и контрола на емоции, развој на фина и груба моторика. Тематски часови (готвење, садење, берење, цртање, редење) со примена на јазикот. Часови посветени само за преведување од англиски на македонски јазик и обратно. Преку игра, доживувања и рефлексија до размена на мислења развивање на емпатија, самосвест, самоконтрола и социјални вештини.
Во Дневниот центар секој ден носи нови можности за учење, дружење и личен развој на децата. Со современ пристап и посветен тим, Дневниот центар создава средина во која децата учат со насмевка и ги откриваат своите потенцијали. Место каде што љубопитноста се претвора во знаење, а секое дете добива поттик да го развие својот целосен потенцијал.
И годинава нивните ученици и родителите ќе се уверат дека со широки видици кон светот учењето може да го сака секој. За да се информирате за програмата на Анлимитед Кодерс Академијата за англиски јазик и Дневниот центар следете ги на
https://www.instagram.com/unlimitedcoders.academy?igsh=bnUydzVhaDU5emRo






