-“Пелистерска тајна“ е ново место создадено за семејни ручеци, романтични вечери, дружби и незаборавни моменти, каде што секој оброк е подготвен со внимание и посветеност.
Во присуство на бројни гости, пријатели и љубители на добрата храна, синоќа свечено беше отворен ресторанот „Пелистерска тајна“, кој од денес официјално започнува со работа.
Свеченото отворање и забавата по тој повод, помина во прекрасна атмосфера, исполнета со позитивна енергија, пријатно дружење и богата гастрономска понуда.
Гостите имаа можност да уживаат во внимателно подготвени специјалитети, квалитетна услуга и амбиент кој ја спојува природната убавина на Пелистер со традиционалното македонско гостопримство.
Од ресторан „Пелистерска тајна“ порачуваат:
-Во прекрасниот амбиент на нашата пелистерска бавча, опкружени со природата и свежиот планински воздух, ве очекува место создадено за семејни ручеци, романтични вечери, дружби со пријателите и незаборавни моменти. Дојдете и откријте ја тајната… Тајната на врвните вкусови, искрената услуга и атмосферата што ќе ве натера повторно да се вратите, порачуваат од “Пелистерка тајна“.
Вратите се официјално отворени, а посетителите се добредојдени да ја откријат тајната на врвните вкусови и уникатната атмосфера.

Ресторан “Пелистерска тајна“ не е повеќе тајна, синоќа свечено отворен (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “By Marieli“ кафетерии: Совршен спој за вистинско уживање
- “Битоил“ Битола сигурен избор, горива со висок, европски квалитет
- “Вемилк“: секојдневната свежина започнува со квалитетен избор!
- “Lozar Wedding & Event Center“ нова романтична дестинација во Битола за најубави животни приказни (фотогалерија)
- Компјутерска томографија во болница “Плодност“ Битола





